Search

Приведен битолчанец за издржување затворска казна

На 01.07.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево на булеварот „Ослободување” во Кичево го приведоа Н.Н.(37) од Битола.

За него била распишана потерница од Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп”, со која се барал за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела „тешки кражби”.

Н.Н. бил  спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп” за издржување на казната.

Треба да знаете
Последни објави