Search

Израел нареди евакуација на Палестинциите од Јан Кунис, па ги нападна градот и околината

Израелската армија им нареди на Палестинците кои живеат во источните области на Кан Јунис, вториот по големина град во Газа, веднаш да се евакуираат и изврши напади во областа, во кои според властите на Хамас, имало жртви.

Израел започна нови напади во јужниот дел на Газа, поради што стотици Палестинци избегаа, откако армијата нареди евакуација на одредени густо населени области, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Според медицински извори и палестинската Црвена полумесечина, очевидци пријавиле повеќекратни напади во и околу градот Кан Јунис, при што загинале најмалку осум лица, а повеќе од 30 се ранети.

Бомбардирањето следи по ракетниот напад врз израелските населби во близина на границата со Газа за кои одговорноста ја презеде палестинскиот Исламски џихад, организација која се бори заедно со Хамас против Израел.

Треба да знаете
Последни објави