Search

ЕВРО2024: Португалија ја совлада Словенија на пенали за четвртфинале

Португалија на драматичен начин обезбеди синоќа пласман во четвртфиналето на ЕВРО2024, совладувајќи ја Словенија на пенали со 3-0, откако натпреварот во Франкфурт во регуларниот дел и по двете продолженија заврши без голови.

Херој на португалската репрезентација беше голманот Диого Кошта, кој ги одбрани сите три удари од белата точка на словенечките фудбалери.

Претходно, во финишот на првото продолжение Кристијано Роналдо во 105 минута не реализираше пенал, а десет минути подоцна на спротивната страна Бенјамин Шешко пропушти колосална шанса да ѝ донесе предност на Словенија.

Португалија во четвртфиналето ќе игра против Франција, која претходно  во осминафиналето беше поуспешна од Белгија со минимални 1-0. 

Треба да знаете
Последни објави