Приведени крадци фатени на дело

На 01.07.2024 во 19.20 часот во поранешна фабрика во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ш.Н.(32), Б.Д.(47), А.Р.(21), сите од Штип и Е.К.(35) од Тетово.

Тие биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во машинска работилница во фабриката.

Четирите лица биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави