Search

Филипче: Најсложената операција ќе биде реформа на менталитетот во СДСМ

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче во вечерашната емисија „Топ Тема” на Телма говореше за неговата заложба да стави крај на таборите во партијата, преку интензивна комуникација меѓу членството. Претседателот на СДСМ, најави чести теренски активности на раководството на паријата, инклузивен пристап и вклучување на што повеќе луѓе во градењето на политиките на СДСМ. 

„Најсложената операција во целокупниот систем на партијата ќе биде реформа на менталитетот. Во СДСМ има генерално една лоша внатрешна комуникација помеѓу луѓето и една таборизација. Сметам дека со овој пристап со многу често присуство на терен, ќе разговараме со сите, или што повеќе луѓе ќе бидат вклучени во градењето на политиките. Ние партијата ќе ја трансформираме во една ефикасна организација која нема да носи политики само во интерес на поединци” истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ, најавува честа и отворена комуникација со членството и интензивна посета на општинските организации со новото раководтсво на СДСМ. Тоа според Филипче ќе и донесе нова енергија на партијата, бидејќи сечиј глас ќе биде слушнат. 

„Никој не верува во наметнати решенија, впрочем политиките и решенијата има логика да се градат за да им служат на луѓето за кои се наменети. Сметам дека таа нова енергија често присуство со многу чести состаноци по Општинските органзиации само по себе постепено ќе ја враќа довербата и ќе ги враќа членовите во партијата”-истакна претседателот на СДСМ, Венко Филиче во „Топ Тема” на Телма.

Треба да знаете
Последни објави