Search

Тошковски најави изградба на нова полициска станица во Бутел

Изградба на нова полициска станица во Бутел, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по денешната средба со градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

„Еден од приоритетите во делот на изградба на нови објекти е полициската станица во oпштина Бутел, објект кој е во најлоша состојба. Oд тие причини веднаш се почнува со средување на проектна документација и пренамена на средства со цел што поскоро да започне изградбата на станицата. Вработените во МВР заслужуваат да работат во нормални услови, што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на услугите кои ги даваат кон граѓаните и ултимативно, зголемување на безбедноста на граѓаните, што е наш приоритет, потенцирал министерот Тошковски на средбата“, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави