Search

Маж го отстрани македонското знаме од Кораб и постави албанско, се огласија од МВР

На социјалната мрежа Фејсбук од пред два дена е објавено видео на кое се гледа како едно лице најпрво го отстранува македонското знаме и го закачува албанското знаме на јарбол поставен на врвот Голем Кораб.

Видеото е објавено од Изет Шулку, на чиј профил пишува дека живее во албанскиот град Пешкопија. На него се гледаат уште две други лица како стојат покрај триаголниот јарбол додека Шулку ги заменува знамињата.

„Македонското знаме не припаѓа на албанските територии, тука само албанското знаме“, се вели во описот на видеото.

На крајот од видеото се слуша како тој силно извикува Албанија.

Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ, велат од МВР.

Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена.

Треба да знаете
Последни објави