Search

Денес почнува Петровденскиот пост: Мора да ги испочитувате овие две правила, инаку ве чека несреќа

Денеска почнува Петровскиот пост, кој трае до големиот празник на светите апостоли Петар и Павле, кој се празнува на 12 јули, кој се вбројува меѓу четирите големи годишни пости, покрај Божиќ, Велигден и Богородица.

Овој пост е востановен во чест на светите Господови апостоли. Во овој пост се пости вака: во среда и петок не се јаде масло и вино; во понеделник, вторник и четврток се дозволува масло и вино, а во сабота и недела – масло и риба.

Кога ќе започне постот зависи од датумот кога се слави Велигден, но секогаш завршува на Петровден. Може да трае минимум една недела и еден ден, а најмногу шест недели.

Преку постот верниците се воздржуваат од храна од животинско потекло за да го прочистат телото, но тоа не е единствената цел. Најважен е духовниот пост, што значи воздржување од лоши мисли, зборови и дела и со задолжителна молитва, по примерот на Спасителот кој постел во пустината и чиј пример го следеле Богородица и апостолите. Верниците за време на овој пост се трудат да ги почитуваат и двете правила – и духовен и телесен пост.

За време на неговото траење не се јаде месо и јајца. Секој ден се јаде риба, вино и масло, освен, се разбира, среда и петок кога се пости со вода.

Строго се пости и ден пред Петровден, освен ако не се падне во сабота или недела, кога е дозволено користење на масло. На денот на раѓањето на св. Јован Крстител јадеме риба, иако се паѓа во среда или петок. Ако Петровден падне во среда или петок, ние тој ден не мрсиме, туку јадеме риба, вино и масло.

Постот е прочистување на душата и телото, односно подготовка за Светата Причест. Важно е за време на постот да се ослободиме од бремето, негативноста, сè што е лошо за нашата душа и здравје и да го разбудиме мирот, здравјето и хармонијата со Бога.

Петровден е празник со кој се поврзани разни радосни обичаи, а еден од најубавите е подарувањето јаболка на децата.

Празникот посветен на светите апостоли Петар и Павле се смета за календарска граница на годината бидејќи после него има промени во природата, се ближи есента.

Треба да знаете
Последни објави