Search

Во два региони на Русија е прогласена вонредна состојба поради шумски пожари

Во два региони на Русија, Тува и Јакутија денеска е прогласена вонредна состојба поради шумски пожари предизвикани од високите температури, пренесоа руските агенции.

Шефот на сибирскиот регион на Република Тува, Владислав Ковалиг, изјави дека вонредната состојба е воведена поради шумските пожари предизвикани од високите температури и силните ветрови.

Ковалиг на Телеграм изјави дека во моментов на територијата на Републиката се регистрирани 23 шумски пожари и дека зафатиле околу 1.700 хектари.

Треба да знаете
Последни објави