Search

Возач тешко повреден во сообраќајка во Струга

На 30.06.2024 во 08.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистрален пат во близина на фудбалско игралиште во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(55) од с.Делогожда, струшко и патничко возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(41) од с.Радолишта, струшко, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од ОВР Струга.

Треба да знаете
Последни објави