Search

Ќе добие ли вечерва СДСМ нов лидер? Еве кои се условите

СДСМ денеска ги одржува третите непосредни и директни избори за претседател на партијата.

За разлика од првите два циклуса, овој циклус го обележуваат обвинувања за изборни неправилности, а имаше и повлекување на еден од кандидатите.

Поради изборни нерегуларности, но и поради нереагирање од страна на партиските органи, кандидатката Славјанка Петровска на два дена пред гласањето со откажа од изборите.

Во трка за „тронот“ на Бихаќка останаа Јово Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски кои вечерва со внимание ќе ги следат резултатите од општинските изборни комисии.

Гласањето се одвива од 8 часот наутро на 77 гласачки места и ќе трае до 20 часот, а до 14 часот гласале 6.760 членови или 28.61%

Што треба да се случи за да се избере претседател на СДСМ уште во првиот круг?

За разлика од државните избори, на изборите во СДСМ нема потребен праг на излезност односно цензус.

Но, за да победи во првиот круг еден од кандидатите треба да освои 50% плус еден глас од вкупно излезените гласачи.

На изборите во СДСМ пријавени се над 23.000 членови. Ако излезноста е над 50 проценти, и излезат 12.000 гласачи, на победникот ќе му се потребни 6001 глас.

За споредба на претходните избори Заев и Ковачевски беа избрани со далеку поголем бројка на гласови од членството.

Ако денеска никој не успее да собере повеќе од половина од гласовите, тогаш ќе има втор круг кој треба да се одржи следната недела.

Треба да знаете
Последни објави