Search

Моторџија излетал од пат и тешко се повредил

На 29.06.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на натпатникот од А4 исклучок за Свети Николе мотоцикл „јамаха” со кумановски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(39) од Куманово, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

Треба да знаете
Последни објави