Search

Деспотовски ќе поднесе приговори за неправилности на изборниот ден во СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски по завршувањето на изборите, им се заблагодари на сите членови на партијата кои излегоа да гласаат, како и на сите оние кои излегоа, дојдоа на избирачките места но од различни причини не им беше овозможено да гласаат.

„Пред воопшто да можам да дадам конечна оценка за изборниот процес, Централната изборна комисија и партиските органи мора да обезбедат одговор на две клучни прашања:

1. Како ни се случи над 10.000 наши членови кои се регистрирале за гласање односно изразиле инцијатива да учествуваат во изборниот процесот не можеа односно не го остварија своето право на глас денеска?

2. Како ни се случи на голем број на наши членови кои беа уредно регистрирани и дојдоа на избирачките места да не им е овозможено правото на глас?

На овие две клучни прашања, но и на останатите забелешки кои дојдоа од мрежата контролори низ цела држава, нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори. СДСМ мора многу сериозно да се позанимава и да одговори на овие прашања пред воопшто да се дефинира став во врска со овие избори. Ова, без разлика на исходот од денешното гласање и резултатите кои ги очекуваме во следните 2 часа.

Треба да знаете
Последни објави