Search

(ФОТО) Цел фудбалски терен пропадна во дупка

Дупка со пречник од најмалку 30 метри и исто толку длабока се отворила на спортските терени во Алтон, Илиноис. Причината – се урнал сводот на рудникот кој се наоѓа под терените.

„Изгледа како овде да експлодирала бомба“, изјави Мајкл Хејнес, раководител на спортските терени во Алтон, во американската сојузна држава Илиноис. Среде „Паркот Гордон Мур“, кој е изграден над рудник за варовник, се отворила огромна дупка во земјата. „Во моментот кога тоа се случило, на теренот немало никого и никој не е повреден, а тоа е најважното“, истакнува градоначалникот Дејвид Гоинс.

Треба да знаете
Последни објави