Search

СДСМ утре избира нов лидер на партијата

СДСМ утре на внатрепартиски избори ќе избира претседател на партијата. Гласањето ќе се одржи на 77 избирачки места, додека право на глас имаат околу 23 илјади членови на партијата.

Во трката за нов лидер на СДСМ се поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и поранешниот заменик министер во МИОА, Александар Бајдевски. Кандидатите ветуваат реформи во партијата, како и обединување на членството.

Избирачкиот список којшто ќе се најде на 77 избирачки места ширум земјава ќе брои 23.373 акредитирани членови на СДСМ.

Гласањето ќе започне во 8 часот, а ќе заврши во 20 часот.

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска испрати официјално писмо до Централната изборна комисија за претседателските избори во СДСМ со кое и официјално ја повлекува кандидатурата за претседател.

„Сакајќи да го заштитам СДСМ од нелегитимен избор на претседател и да избегнам да бидам соучесник во ова погазуванье на статутот ве известувам дека ja повлекувам мојата кандидатура за претседател на СДСМ. Со оглед на тоа дека овој процес за мене е неприфатлив барам моето име да не стои на избирачкото ливче, со цел гласачите да не бидат доведени во заблуда” пишува Петровска.

Таа во писмото наведува дека и покрај тоа што на состанок со претставници на ЦИК укажала на бројни неправилности, сепак Петровска не добила никаков одговор што ги побива нејзините тврдења.

„Имајќи ги предвид основните политички начела поставени во Статутот на Социјалдемократскиот соуз на Македонија кои jа потврдуваат нашата заложба како социјалдемократи за целосно почитување на човекот, неговото достоинство, права и слободи, како и нашата заедничка заложба за одржување на фер, чесни и достоинствени избори за претседател на СДСМ, каде сите кандидати треба да имаат подеднакви можности за претставување и лобирање, вчера на состанокот одржан во просториите на СДСМ со преставници на ЦИК информирав за сериозни забелешки во поглед на точноста и легитимноста на Избирачкиот список, злоупотребата на лични податоци на илјадници членови на СДСМ кое продолжи и денес, но за жал не добив одговор кој ги побива сите овие тврдења. Како социјалдемократ верувам во искреноста со коа треба да се обраќаме кон нашите другари и другарки и затоа сите овие основани и потврдени сомнежи го нарушуваат легитимитетот на овие избори и резултатите” се наведува во писмото на Петровска.

Треба да знаете
Последни објави