Search

„Пејџ Сикс“: Меланија Трамп не сака да биде прва дама

Меланија Трамп едноставно повеќе не сака да биде прва дама. Барем не со полно работно време, пишува Page Six, повикувајќи се на извор близок до Трамп, според кој Меланија склучила договор со Доналд Трамп дека, во случај на неговата победа на претседателските избори, таа повеќе нема постојано да биде со него и да ги извршува сите протоколарни обврски.

Причината за оваа нејзина одлука е што наесен нивниот син Барон Трамп ќе запише универзитет во Њујорк, а со оглед на тоа дека младиот Трамп никогаш не бил далеку од своите родители, Меланија решила да му даде предност на синот пред сопругот.

„Барон ќе студира во град со демократско мнозинство, па мајка му се грижи како ќе се снајде таму сам. Тој оди во непознат град, со дополнителен потенцијален стрес бидејќи е син на Трамп, па Меланија ќе биде таму колку што е можно повеќе со него за да му помогне во прилагодувањето“, вели извор близок до семејството Трамп, опишувајќи ја Меланија како изразено заштитнички настроена мајка која ја отфрлила идејата нејзиниот син да се појави како републикански делегат на Републиканската национална конвенција во Флорида.

Во мај, кабинетот на Меланија Трамп со жалење ја одби понудата на Републиканската партија на Флорида Барон да биде нивен претставник.

„Иако Барон е почестен што е избран од Републиканската партија на Флорида за нивен делегат, тој не може да ја прифати поради претходно преземени обврски“, пишуваше во соопштението од кабинетот на Меланија.

Page Six наведува дека Меланија го сака Њујорк, опишувајќи го како град каде што се чувствува безбедно и додаваат дека таа од есен ќе го поминува најголемиот дел од времето во „Trump Tower“ во Њујорк.

Што се однесува до Доналд, тој се согласил со сè, пишува Page Six.

Треба да знаете
Последни објави