Search

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА ОВОЈ ВИКЕНД: Температурите ќе бидат во позначителен пораст, очекуваме 38 степени

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на нашата Македонија за време на овој викенд ќе биде под влијание на топол бран кој продира од северните предели на Африка. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала локална облачност. Денес ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а утре од променлив правец.

Претежно сончево и топло време ќе имаме  и во Скопскиот регион. И таму ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Денес максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, додека утре тие ќе бидат уште малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени. Во Скопје температурата овој викенд ќе се искачува во интервалот помеѓу 33  и 35 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност и овој викенд тој ќе има коефициент помеѓу 8 и 9.

Треба да знаете
Последни објави