Search

ЦУК: Стабилна состојбата со водостоите на реките во Тетовско и Гостиварско, патните правци проодни

Регионалниот ЦУК Тетово, утрово, известува дека состојбата со водостоите на реките во Тетово и во руралните општини се стабилни. Нема зголемување на водостојот, и нема опасност за сега од излевање. Сите патни правци се проодни.

Во Општина Гостивар нема излевање на реки и сите патни правци се проодни.

Во Општина Маврово – Ростуше нема излевање на реки и сите патни правци се проодни.

Во Општина Врапчиште нема излевање на реки и сите патни правци се проодни кон селата.

Невреме проследено со интензивни врнежи од дожд, грмотевици и град зафати вчера делови од државата, предизвикувајќи поплавени улици, куќи, паднати дрвја, оштетени возила, скинати проводници, одрони.

Треба да знаете
Последни објави