Search

Таравати нови разрешувања на скопските клиники од понеделник

Министерот за здравство Арбен Таравари најави од понеделник нови разрешувања на директори на клиниките во Скопје. Тој рече дека ќе има поголем фокус на јавното здравство, измени во Законот за здравствена заштита и спојување на Клиничката болница.

– Ќе дадеме повеќе фокус на јавното здравство. Тринаесет економски директори се веќе разрешени, а ќе продолжиме и во идниот период да ги разрешиме и другите. Во меѓувреме, Нацрт-законот за измени на Законот за здравствена заштита е направен и е испратен во Влада. Се надевам дека на една од наредните седници идната недела ќе помине и како одлука на Влада дека планираме Клиничката болница да се спои во рок од една година, и дека планираме да работиме на регионализација, односно децентрализација на здравството сè со цел да се дадат што повеќе здравствени услуги во клиничките болници во Тетово, Штип, Битола, Охрид и Струга, рече тој.

Во однос на прашањето дали ќе има нови разрешувања или назначувања, министерот Таравари информираше дека од понеделник ќе започнат со нови назначувања.

Досега се разрешени економските директори на Токсикологија, Стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“, Психијатрија, Физикална медицина и рехабилитација, Неврологија, Хирургија на лице, вилици и врат – максилофацијална хирургија, Дерматологија, Ревматологија, Ендокринологија, дијабетес и метаболични нарушувања, како и на психијатриската болница „Скопје“.

Со цел да се дадат што повеќе здравствени услуги во останатите клинички болници од земјава, Таравари најави дека ќе работат на децентрализација на здравството.

Треба да знаете
Последни објави