Search

Спасовски им се заблагодари на досегашните државен секретар и директор на БЈБ за соработката

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски преку социјалните мрежи им се заблагодари на Магдалена Несторовска досегашен државен секретар во МВР и Сашо Тасевски досегашен директор на Бирото за јавна безбедност.

„Заедно успеавме да ја трансформираме македонската полиција, во служба на граѓаните и државата. Вложивме многу посветеност, знаење, труд, кадровска и техничка надградба, го издигнавме безбедносниот систем на врвно ниво преку непристрасно и недискриминирачко спроведување на законите, со ефикасна борба против корупцијата и криминалот од секаков вид, притоа отчетни и транспарентни во работата“ пишува Спасовски на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави