Search

Почна укинувањето на Балансер, нека знае Мицкоски дека не се сите Албанци сервилни како ВЛЕН, велат од Алијанса за Албанците

Нелегитимната власт започна со имплементација на планот против правична и соодветна застапеност на Албанците и другите етнички заедници во државните институции. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го најави првиот чекор кон укинување на Балансер, враќање на процентот само на резидентни лица, со што застапеноста на Албанците повеќе нема да биде 30 отсто, туку се враќа чекор назад на 25 отсто, реагираат oд Алијансата за Албанците.

Според нив, за да не се задоволи со ова, тој предупредува и на законски измени за целосно укинување на овој механизам, кој, како што велат, е еден од главните столбови на Охридскиот договор.

„Во меѓувреме, пред овој опасен и штетен проект за сите етнички заедници во државата, партиите од коалицијата кои ги загубија изборите седат со скрстени раце и затворена уста. Пред очите на партиите кои себеси се нарекуваат Албанци, по две децении од потпишувањето на Охридскиот договор започнува најтешката дискриминација и мајоризација“, се истакнува во реакцијата на оваа партија.

Ја повикуваат, како што нагласуваат, нелегитимната власт, итно да ги прекине овие игри кои и штетат на меѓуетничката кохезија, на правата на етничките заедници и можат да донесат сериозни последици за иднината.

„Премиерот Христијан Мицкоски, кој прв најави укинување на Балансерот, да не мисли дека сите Албанци се како неговите сервили, кои тој самиот ги избра за послушен партнер во неговите застрашувачки проекти“, додаваат од Алијанса за Албанците.

Треба да знаете
Последни објави