Search

Отстранета обемна дива депонија на булеварот никола карев

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата ноќ реализираа акција за отстранување обемна дива депонија лоцирана на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД.
Во рамките на акцијата се подигнати и транспортирани приближно 40 кубни метри непрописно одложен претежно кабаст, градежен и мешан комунален отпад. По отстранувањето на дивата депонија, беше спроведено и рачно миење на микролокацијата. Активностите се реализираа во соработка со ЈП Улици и патишта и ЈП Паркови и зеленило.
Посочениот реон претставува „црна точка“ каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Во претстојниот период, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе спроведе зачестен патролен надзор на оваа микролокација.

Треба да знаете
Последни објави