Search

Кралот Чарлс сака да оди во Америка за да се дружи со внуците

Британскиот крал Чарлс наскоро ќе оди на патување во Америка за да ги посети своите внуци, пишуваат западните медиуми. Познато е дека Чарлс е добар дедо и има одличен однос со принцовите Џорџ и Луис, како и со принцезата Шарлот, децата на принцот Вилијам и војвотката Кејт, но со децата на принцот Хари сепак ситуацијата е поинаква. Контакт со Арчи и Лилибет одржува само преку видео повици.

„Чарлс разговарал за официјална посета на САД. Нема сомнеж дека доколку дојде до тоа, тој ќе најде време за да ги посети синот и внуците. Но пред тоа треба многу да се планира посетата“ открил извор кој додал дека кралот е тажен што неговите внуци Арчи и Лили нема да го паметат како топол и пријателски расположен дедо.

Треба да знаете
Последни објави