Search

Гром уби 13-годишно девојче на Халкидики на песок на плажа

Трагичен настан се случи денес на Халкидики кога 13-годишно девојче го загуби животот откако удри гром во него.

Трагичниот инцидент се случил околу 16:30 часот кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првите информации полесно е повредена и нејзината мајка.

Треба да се напомене дека времето на Халкидики денес е лошо со обилни врнежи од дожд.

Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.

Треба да знаете
Последни објави