Search

Семејството на одмор, миленикот на улица? Не постои оправдување

Напуштањето на домашните  миленици е суровост и злоупотреба која мора соодветно да се превенира, а доколку се случи најстрого да се санкционира неодговорниот сопственик, согласно закон. Улицата е сурова за секое животно. Животните кои не се растени на улица, туку исфрлени немаат стекнати основни животни вештини за преживување, се плашат,  запаѓаат во депресија поради напуштеноста од семејството кое го познаваат и сакаат, па така исходот е неретко фатален (умираат удрени од коли, неприфатени од населението,  гладни и жедни, несреќни).

Животните не се играчки за се фрлаат кога ќе ни здосадат, или заменат за нова играчка. Одговорното сопствеништво е клуч за решавањето на прекубројноста на бездомните кучиња на улиците.  За жал ЈП Лајка се соочува со секојдневно напуштање на животни кои имале сопственик, а таквата пракса е интензивирана во летниов период: секојдневно наидуваме на нови, преплашени, дезориентирани кучиња кои евидентно биле нечив сопственик, како и на цели исфрлени легла.

Порачуваме, секој убаво да размисли пред да земе куче. Дали одговара на вашите можности, животен стил, темперамент; дали имате воља, можности и предуслови за грижа, љубов, внимание, до неговиот последен ден.
Размислете и проценувајте брзо, пред да го земете, или додека е мало.
Сѐ останато е неодговорност и суровост  и нема оправдување.

Треба да знаете
Последни објави