Search

Летнати кровови, паднати дрва, скинати проводници, поплавени куќи по невремето во Скопската котлина

Како резултат на силното невреме што ја зафати Скопската котлина во попладневните часови, преку eдинствениот број за итни повици 112 во ЦУК, биле добиени пријави и известувања за причинети штети.

Според ЦУК на бројот за итни повици биле добиени пријави за паднати и навалени дрва, како и скршени гранки, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли.

Имало пријави за поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, оштетени патнички моторни возила, паднати огради, блокирани улици и слични случаи предизвикани од невремето.

Треба да знаете
Последни објави