Search

Група од петмина со пиштол, нож и тупаници нападнале тројца малолетници во Скопје – родителите се сомневаат дека инцидентот има етничка позадина

Група од петмина со пиштол, нож и тупаници нападнале тројца малолетници во близина на нивниот дом во скопската населба Ченто.

Инцидентот, за кој родителите на нападнатите деца се сомневаат дека е со етничка позадина, се случил пред 2 дена во 23 часот, а веднаш бил пријавен во полиција. Потресен од случката, еден од родителите, за Канал 5 сведочи дека нивниот син веднаш по нападот влегол во својот дом барајки помош од нив. Откако со неговата сопруга излегле пред влезот, таткото ги раздвоил останатите малолетници од напаѓачите, при што задржал еден од нив. Потоа, тој слушнал неколку истрели од куршуми во воздух, а друг напаѓач пак, го нападнал него, неговиот син и сопруга со нож.

-И покрај истрелите го задржувам лицето напаѓач и откако напаѓачите увидоа дека не го пуштам насилникот еден од нив се упати со нож до влезот кај нас, се обиде да го прободе синот, мојата сопруга а потоа се сврте кон мене да ме нападне со истиот нож. Во дадениот момент го испуштам насилникот од раце за да ја спасам мојата фамилија и од тој момент напаѓачите бегаат. Се собраа во наша подршка граѓаните од сите околни згради и имаше мешаница од стотина и повеќе граѓани.

Од случајот е вознемирено целото соседство, а децата се плашат да излезат надвор вели таткото на нападнатиот малолетник. Според него нападот е извршен без никаква причина и целосно е загрозена безбедноста во нивното место на живеење. Тој вели дека од полицијата засега е приведено едно лице, па апелира до надлежните што поскоро да ги пронајдат и останатите.

Според информациите на Канал 5 децата напаѓачи насилници се припадници на албанската етничка заедница, затоа апелирам за да се спречи понатамошен меѓуетнички конфликт и тензии да веднаш се преземат сите неопходни мерки. Младиве луѓе, мојот син и моето семејство се во една траума затоа што сме директно нападнати со огнено оружје и со нож и тоа пред својот дом без никаква причина. Има голем страв, децата се плашат да излезат на надвор да шетаат, до продавница.

Од МВР информираат дека еден од напаѓачите, 18 годишниот Д.Ш е приведен поради извршено кривично дело „насилство“, по што од страна на одделението за насилен криминал е поднесена кривична пријава до ОЈО. Дополнително се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на останатите четворица напаѓачи.

Треба да знаете
Последни објави