Млад гостиварец заработи кривична, си го претепал својот татко

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.М.(29) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство.

На 28.05.2024, пријавениот во семејниот дом во гостиварско, физички го нападнал својот 66-годишен татко, нанесувајќи му телесни повреди.

Треба да знаете
Последни објави