Петта година по ред функционира проектот на Управата за јавни приходи – МојДДВ, каде граѓаните преку скенирање на фискални сметки прават поврат на данокот. Но, каков е планот на новата Влада, и дали овој проект ќе опстане?
На ова прашање за Призма одговори министерката за финансии, Гордана Димитриеска- Кочоска.
Таа вели дека проектот ќе продолжи, но со корекции.
„Секако дека проектот ќе продолжи, но со многу корекции што не се поврзани со граѓаните, туку со системските решенија и начинот на работа на УЈП околу овој проект. Најважно од сѐ е дека за граѓаните нема да почувствуваат никакви промени во овој дел“, вели Димитриеска- Кочоска.