Средба Мицкоски-Агелер: Разговори за приоритетите на новата Влада

Денес премиерот на државата Христијан Мицкоски оствари средба со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер.

-Продуктивна средба со премиерот Христијан Мицкоски на која се разговараше за приоритетите на новата Влада, напиша Агелер на мрежата ИКС (X).

Денес остварив средба со Амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата. Ја истакнав важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот.

Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес напиша Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави