Search

Крива Паланка, Илинден и Кисела Вода ќе се натпреваруваат во првата епизода од ТРИУМФ, која денеска ќе се емитува на GLEY, а во недела на јутјуб каналот LAZAROV

Денеска на стриминг платформата GLEY, во 15:00 часот ексклузивно ќе се објави првата епизода од најдоброто македонско адреналинско шоу ТРИУМФ, а на 30.06.2024 ќе биде објавена и на јутјуб каналот LAZAROV.

ТРИУМФ е ново адреналинско шоу кое со својата неверојатна динамика и возбудливи предизвици, дефинитивно ќе го привлече вниманието на гледачите и за домашната публика ќе биде вистинско освежување и уживање во одлична македонска продукција.

Секоја нова епизода ќе носи нова доза адреналин, затоа што  натпреварувачите ќе се соочуваат со екстремни услови и ќе ги тестираат границите на својата физичка и ментална издржливост. Со професионални водители,  и внимателно осмислени предизвици, ова шоу ветува дека ќе биде омилено меѓу љубителите на возбудата и ќе го задржи нивното внимание до последната минута.

Домаќини на „Триумф“ се нашите водители Димитар Атанасовски, Петар Младенов и Стефан Лазаров, кои директно учествуваат во предизвиците и се натпреваруваат со жители од различни Општини. Водителот кој ќе победи, одбира која општина ќе биде негов тим, а во првата епизода од ТРИУМФ се натпреватуваат Крива Паланка, Илинден и Кисела Вода. Секој водител им помага на учесниците во тимот да стигнат до крајната цел, односно да победат за да станат потенцијални финалисти.

Во првата сезона ќе се натпреваруваат вкупно 15 Општини, односно Куманово, Новаци, Прилеп, Кисела Вода, Крива Паланка, Илиден, Неготино, Гази Баба, Аеродром, Штип, Битола, Охрид, Пехчево, Гевгелија и Петровец. Само една од општините ќе биде победник и ќе добие голема парична награда.

Доколку сте љубител на адреналин и жител на некоја од наведените Општини, побарајте ги објавите на официјалните страни на општините на Facebook и испратете email со конкретните барања.

Време е за ТРИУМФ и денеска на стриминг платформата GLEY (gley.tv), ексклуизивно ќе биде објавена првата епизода, а во недела гледачите ќе имаат можност да ја проследат и на јутјуб каналот LAZAROV. Oчекувајте многу адреналиски, но и умствени предизвици кои натпреварувачите ќе мора да ги исполнат во рекордно време и одберете го вашиот омилен тим за кој ќе навивате.

Треба да знаете
Последни објави