Тука има голем број Македонци: Избувна пожар на Халкидики

Пожарите веќе со денови беснеат низ цела Грција, а како што објави порталот „Прототома“, денеска избувнале пожари на Халкидики и Полигирос. На помош на пожарникарите дошле и хеликоптери.

На терен се вкупно 22 пожарникари, еден хеликоптер и девет возила на итната пожарна служба. Засега пожарот не ги загрозува населените места.

Исто така, голем пожар избувна во близина на Патра на Пелопонез. Нема жртви.

Треба да знаете
Последни објави