Search

Тетовскиот регион повторно зафатен од невреме

Управата за хидрометеоролошки работи јавува дека според радарската слика Тетовскиот регион е зафатен со поројни дождови и грмежи.

Нестабилна облачна маса од запад се приближува кон Скопската котлина, како и Росоманскиот регион.

Од југозапад на територија на Албанија има силна нестабилност која полека се приближува кон Преспанскиот регион.

Треба да знаете
Последни објави