Search

Исчезнати голем број на млади луѓе во Македонија: Се уште се трага по трите деца кои исчезнаа во еден месец во 2005 година

370 лица исчезнаа во Македонија само во последниве 3 години, а 35 се уште не се пронајдени, од нив 9 се деца, откриваат од МВР за 24Инфо.

За граѓаните тие се само фотографија која ја виделе објавена на социјалните медиуми, но за најблиското семејстви тоа е болка која никогаш не престанува.

На страната на МВР објавени се голем број на пријави за исчезнати лица, а некои таму стојат и по 15-20 години. Нивните семејства се уште не можат да најдат мир и сакаат само да знаат што се случило со нивните најмили.

Според анализата која ја направи 24Инфо, ги има на возраст од 1 година па до 80, и речиси од сите градови во Македонија.

Најмала е Фејзула Елиф од Скопје која исчезнала во 2016 година кога имала само 1 година, додека најстара е баба Рада Иванова од општина Зрновце, која во моментот на исчезнување во 2022 година, во скопско Волково, имала 84 години.

Нема ни трага ни глас ни од малиот Петар Џобевски од Прилеп кој исчезна на 25 февруари 2022 година. По него се трага цели 2 години.

Милев Никола, роден 1994 година, исчезна во 2021 во Струмица, Брзакова Марија родена 1991 година, исчезна исто така во Струмица, една година порано во 2020, Сабединовска Сабина родена 1990 година, исчезна во 2022 година во родното Куманово исто како и Кадрија Зеќавете во 2015 година на свои 17 години. Сите овие млади луѓе со години наназад се водат за исчезнати, додека родителите секој ден живеат во агонија и исчекување на некоја нова информација.

За жал има и многу постари незатворени случаи на исчезнати лица, а неколку од нив се за малолетни лица.

Дане Мемеди роден 2005 година во Куманово исчезна на свои 5 години во 2010 година, Митат Ибраими роден 2002 година во Скопје исчезна исто така во 2010 година, исто како и Мирсада Хелдовиќ од Куманово. Тоа се три малолетници кои исчезнале речиси во исто време, на растојание од месец дена и во блиска околина, Скопје-Куманово. Денеска тие би имале 19, 22 и 19 години.

На територија на населба Аеродром во Скопје во јануари месец 2022 и 2023 година исчезнати се двајца мажи: Бочвароваки Ристе роден 1975 година и Плескоњиќ Роберт роден 1960 година.

Сите овие лица со име, презиме и фотографија се објавени на официјалната страна на МВР како лица по кои се уште се трага, а секоја информација поврзана со нивното исчезнување треба да ја пријавите во полиција со јавување на телефонскиот брок 192!

Каде се, дали се се уште живи, дали се во земјава, и што се случило со нив, останува енигма, а прашање е и дали полицијата по толку години може да има нова трага со која истите ќе бидат пронајдени.

Н.Ј.

Треба да знаете
Последни објави