Првпат од почетокот на војната тешко болни деца од Газа одат на лекување преку граничниот премин Керем Шалом

За прв пат од почетокот на војната тешко болни деца од Појасот Газа заминуваат на лекување во странство преку граничниот премин Керем Шалом, кој се наоѓа на границата на Израел, Газа и Египет, објави денеска Тајмс оф Израел.

Критично болните палестински деца чекаат со членовите на семејството во болницата Насер во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, откако наводно добиле дозвола од израелската војска да одат на лекување преку граничниот премин Керем Шалом.

Палестинските медиуми објавија дека децата од северот на Појасот Газа треба да бидат однесени на лекување во странство, а акцијата била координирана преку Светската здравствена организација (СЗО).

Треба да знаете
Последни објави