Search

Нетанјаху: Наскоро ќе завршат интензивните борби против Хамас, но не и војната

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека наскоро ќе завршат интензивните борби против Хамас во Рафа.

– Интензивната фаза од борбата против Хамас наскоро ќе заврши. Тоа не значи дека војната ќе заврши наскоро … По завршувањето на интензивната фаза, ќе можеме да прераспоредиме некои сили на север и тоа ќе го направиме, главно за одбранбени цели, но и за враќање на раселените жители во нивните домови, истакна Нетанјаху.

Тој додаде дека нема да прифати никаков „делумен“ договор.

– Целта е да се вратат заложниците и да се искорени режимот на Хамас во Газа, наведе Нетанјаху. 

Треба да знаете
Последни објави