Search

Вархеји го честиташе изборот на новата Влада

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји упати честитка до премиерот Христијан Мицкоски и Владата по повод нивниот избор. 

– Честитки до премиерот Мицкоски и членовите на новата Влада! Со нетрпение очекувам да работиме брзо со Вас за да го унапредиме европскиот пат на Северна Македонија, наведе Вархеји во честитка објавена на Икс. 

Новата Влада на премиерот Мицкоски беше избрана синоќа со 77 гласа „за“ и 22 „против“. За неа гласаа пратениците од коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди и од Движењето ЗНАМ, а против гласаа СДСМ и Левица. Пратениците на Европскиот фронт, предводен од ДУИ, ја напуштија седницата пред гласањето.

Треба да знаете
Последни објави