Search

2-годишно дете загина при нападот врз Севастопол

Двајца цивили, меѓу кои и двегодишно дете, се убиени денес по нападот на украинските вооружени сили врз Севастопол, објави на Телеграм гувернерот на Крим, Михаил Развозаев.

„Ситуацијата во Учкујевка е тешка, таму се испратени сите расположливи екипи за брза помош. Некои од повредените се веќе во болница и им е укажана сета потребна помош“, додаде тој, пренесе РИА Новости.

Тој претходно изјави дека при нападот на украинските војници на Севастопол биле повредени 14 лица, меѓу кои и две деца.

Треба да знаете
Последни објави