Search

Се огласи таткото на албанскиот фудбалер: „Погрешно е да повикува на убивање, ненамерно го направи тоа”

Фехми Даку, таткото на албанскиот фудбалер Мирлинд, се огласи по скандалозното однесување на неговиот син по мечот со Хрватска.

Даку ги навреди Србите и Македонците по ремито (2:2) и за тоа може да се соочи со последици.

Од матичниот клуб Рубин од Русија најавија дека ќе го санкционираат Даку кога ќе се врати од ЕУРО, но се уште се чека реакцијата на УЕФА.

Во меѓувреме Фехми Даку даде изјава за руски „Спорт24“.

“Мојот син не кажа такви работи. Мирлинд е емотивна и експлозивна личност. Тоа го направи ненамерно и веќе се извини. Но, не верувам дека ќе се збогува со турнирот. Стопроцентно е погрешно да се повика на убивање на Србите, син ми секако дека згрешил знаете каква поддршка има во Хрватска, а сега во Русија сите го знаат неговото однесување како фудбалер од ЕУРО“.

Инаку, Даку беше најдобар стрелец во Рубин минатата сезона – постигна 10 гола на 28 натпревари.

Треба да знаете
Последни објави