Search

МНР ги повикува македонските граѓани да го напуштат Либан

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава,  да ја напуштат во прва можна прилика. Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни.

Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан.

Како и секогаш, Министерството за надворешни работи ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи +389  75 268 736 (меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk ).

Треба да знаете
Последни објави