Семејно насилство во тетовско село: Татко ја нападнал и ја повредил неговата ќерка

На 20.06.2024 во 16.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека С.З. од тетовско село извршил семејно насилство и физички ја нападнал неговата 38 – годишна ќерка. Полициски службеници и социјални работници од Центарот за социјални работи ја затекнале жената со повреди, по што била пренесена во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави