Левица: Дали Велешкото езеро е пред еколошка катастрофа

Дали Велешкото езеро е пред еколошка катастрофа и дали му се заканува негово уништување?  

Советниците на Левица – Велес денес го посетија Езерото Младост, кое повеќе од две недели е прекриено со непозната материја чиј состав сè уште не е утврден.

Бараме од надлежните институции, Центар за јавно здравје, Републички инспекторат за животна средина, Општина Велес, Институт за јавно здравје, да ја информираат јавноста која е причината за ваквата состојба на Езерото Младост; да потврдат дали водата на Езерото е безбедна за негово користење, како и да преземат мерки со кои би се подобриле квалитетот и изгледот на водата во Езерото!

Треба да знаете
Последни објави