ЕКРИ: Украинците се третирани подобро од другите воени бегалци

Украинците кои ги напуштија своите домови за да избегаат од руската инвазија се третирани подобро од луѓето раселени поради други војни и вонредни состојби, соопшти ЕКРИ, повикувајќи ги земјите-членки за подеднаква поддршка.

Во својот годишен извештај, Антирасистичка комисија на Советот на Европа (ЕКРИ), нагласува дека се направени „извонредни напори“ за поддршка на Украинците од почетокот на војната во февруари 2022 година.

Но, се наведува и дека третманот на луѓето од Украина се разликува во зависност од нивната етничка припадност.

На пример, условите за домување што им се нудат на Ромите со украинско државјанство биле со послаб квалитет од оние што им се нудат на другите Украинци во истата ситуација, се наведува во извештајот на комисијата.

Треба да знаете
Последни објави