Search

Во сообраќајка во Центар, тешко повреден 23-годишен мотоциклист

Дваесет и тригодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера во центарот на Скопје.

„Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(23) од Скопје и мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.(25) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Д., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави