Search

Во сабота ќе се одржи петтата Парада на гордоста во Скопје Од Националната мрежа против

Овогодишното издание на Парадата на гордоста, Скопје Прајд, ќе се одржи в сабота, на 22 јуни, под мотото „Спектакуларно непослушни!“, информира Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Ова е петта по ред Парада на гордоста во македонскиот главен град. Појдовна точка ќе биде паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците, а во 19 часот ќе започна протестниот марш по скопските улици. Маршот ќе заврши на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

Од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија најавуваат богата културно-забавна програма, со музички настапи во живо на артисти од земјата и регионот.

На прашањето зошто Парадата на гордоста е протест, во одговорите на мрежата стои:

„За да можеме да бидеме свои, автентични и истовремено безбедни – и дома и надвор. Протестот е барање за институциите на системот да гарантираат безбеден живот и да ги штитат нашите човекови права и слободи“.

„За да можеме подеднакво да учествуваме во општествениот и политичкиот живот без дискриминација и исклучување. Протестот е барање за институциите на системот да гарантираат еднакви можности, недискриминација и социјално вклучување на сите луѓе без разлика на нашата сексуална ориентација или родов идентитет“.

„За да можеме да се школуваме во образовен систем кој учи на прифаќање на разликите и промовира социјална кохезија наместо исклучување. Протестот е барање за Владата да обезбеди образовен систем, курикулуми и програми кој ќе ги градат светогледите на идните генерации засновани на демократски вредности, солидарност, емпатија и грижа“.

„За да можеме да имаме лични документи кои ќе го изразуваат нашиот род. Протестот е барање до Собранието да го усвои законот за матична евиденција со вклучен модел за правно признавање на родот заснован на самоопределување“.

Треба да знаете
Последни објави