Максималните температури денес беа 23 Попова Шапка, 29 Крушево, Маврови Анови, 30 Лазарополе, 32 Берово, 33 Охрид, Претор, 34 Крива Паланка, Прилеп, 35 Тетово, 36 Битола, 38 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, 39 Виница, Штип, Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Велес 41 Демир Капија, велат од УХМР.
Времето денес беше сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од скопската котлина и особено вдолж Повардарието дуваше засилен претежно северен ветер.
Времето до крајот на денот ќе биде многу топло, претежно ведро, а ветерот ќе намали со интензитет.
Времето утре ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. UV=9