Search

Хагари: Хамас не може да се уништи

Портпаролот на израелската армија (ИДФ) Даниел Хагари денеска оцени дека целта за искоренување на терористичката група Хамас „не е постигната“.

„Хамас е идеја. Тие што мислат дека може да се натера да исчезне грешат“, рече Хагари во интервју за Канал 13 и оцени дека секој што ветува такво нешто „ја замајува јавноста“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Според него, доколку Владата не најде друга алтернатива, Хамас ќе остане во Газа.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави во соопштение дека една од целите на војната е „уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас“.

„ИДФ се разбира, на тоа е посветена“, се додава во соопштението

Треба да знаете
Последни објави