Search

Три земјотреси се регистрирани кај Крит

Три земјотреси со јачина меѓу 3 и 3,4 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во раните утрински часови за неколку минути во морската област јужно од грчкиот остров.

Според извештајот на грчкиот институт за геодинамика, првиот земјотрес бил со магнитуда од 3 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 45 километри југозападно од Палеохори, на длабочина од 11,3 километри.

Вториот земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала бил со ист епицентар и длабочина од 6,7 километри, јавуваат грчките медиуми.

Неколку минути подоцна следеше трет земјотрес со јачина од 3 степени со ист епицентар и длабочина од 12,9 километри.

Нема извештаи за материјални штети во овие земјотреси.

Треба да знаете
Последни објави