Првиот прототип на првото оклопно воено возило „Шота“, произведено во Албанија, е претставен на меѓународниот саем EUROSATORY што се одржува во Париз.
Албанија за првпат учествува претставена со 100% албанска компанија на овој саем на кој учествуваат околу 2 илјади компании од целиот свет, што министерот за одбрана Нико Пелеши го смета за многу важен момент.
-Претставен на саемот EUROSATORY во Париз, првиот прототип на албанското воено возило „Шота“. Важен момент кој го означува првото учество на Албанија на овој важен меѓународен настан и претставува големо достигнување за нашата одбранбена индустрија“, вели Пелеши.
![](https://www.brif.mk/wp-content/uploads/2024/06/20240619145347_big_730x400_95-683x1024.webp)
„Претставен на саемот EUROSATORY во Париз, првиот прототип на албанското воено возило „Шота“. Важен момент кој го означува првото учество на Албанија на овој важен меѓународен настан и претставува големо достигнување за нашата одбранбена индустрија, напиша Пелеши во објава на Фејсбук.
Додава дека возилото е опремено со напредна технологија и може да се користи во широк опсег на воени и цивилни операции, вклучувајќи транспорт на војници, спасувачки операции и безбедносни мисии, нагласувајќи дека „целта на создавањето на оваа машина е зајакнување на албанската воена индустрија и не само тоа“.
На саемот EUROSATORY во Париз учествуваат делегации од различни земји како и претставници од САД и НАТО и ќе трае до 21 јуни.
Прототипот е дизајниран од албанскиот дизајнер Григор Андони, а произведено е во компанијата „Тимак“, чија сопственичка Арјета Пуца, претходно рече дека бил произведен околу 3 месеци.
Оваа компанија, во која 75 отсто од вработените се жени извезува санитетски возила во 20 земји низ светот.