Search

Кипар забрани мобилни телефони во училиштата

Кипар ќе ја забрани употребата на мобилни телефони во училиштата, најави денеска министерот за образование, порачувајќи дека овие уреди прекумерно го одвлекуваат вниманието на учениците и често доведуваат до асоцијално однесување.

Властите планираат да ја воведат забраната откако ќе завршат дискусиите со парламентот, рече министерката Атина Михаилиду.

Кипар ќе следи неколку европски земји во усвојувањето на забраната во согласност со препораките на УНЕСКО, рече таа.

„Јасно е дека користењето мобилни телефони ги одвлекува вниманието на учениците од часовите, но првенствено е поврзано со зголемување на асоцијалното однесување“, рече Михаилиду.

На учениците нема да им се забранува да носат телефони на училиште, но ќе мора да ги исклучуваат за време на наставата.

Треба да знаете
Последни објави